За време на карантинот, создадете нова дневна рутина во која грижата за себе ќе ви биде приоритет. Може да се обидете да читате повеќе, да гледате филмови, да вежбате рутински, да пробате нови техники за релаксација или да научите нешто ново за кое вообичаено немате доволно време.

Запомнете дека ваквата состојба е привремена. Обидете се да се одморите и гледајте на ова како ново и невообичаено искуство, што може да има и свои придобивки.

Еве неколку совети за полесно справување со ситуацијата:

 

Избегнувајте шпекулации и следете само веродостојни, официјални извори на информации.

Гласините и шпекулациите можат да предизвикаат вознемиреност. Пристапот со верификувани информации за вирусот може да направи да се чувствувате посмирено.

Следете ги советите за одржување лична хигиена. Мијте ги рацете почесто од вообичаено најкратко 20 секунди со сапун и топла вода (додека ги миете, може во себе двапати да ја испеете Happy birthday песната за да се осигурате дека миењето трае 20 секунди). Секогаш имајте средство за дезинфекција при рака, во случај да не можете да ги измиете рацете во моментот. Запомнете, средствата за дезинфекција не се супститут за сапун.

Носете заштитна опрема при излегување од вашиот дом и трудете се да држете 2м растојание со луѓето.

 

Одржувајте контакт со луѓе

За време на стресни ситуации често лѓето имат потреба од друштво и меѓусебна поддршка. Обидете се да останете во контакт со пријателите, вашата фамилија и луѓе со коишто вообичаено го поминувате времето. Користете телефон, социјални медиуми. Исто така, доколку почувствувате потреба побарајте помош од стручни лица.

Од огромна важност е лимитирано користење на социјални медиуми. Обрнете внимание колку време поминувате на социјалните мрежи во текот на денот и доколку забележете дека одредени луѓе или профили ви предизвикуваат нервоза или загриженост, можеби е време да не ги следите повеќе.

 

Зборувајте со децата

Доколку имате деца, задолжително разговарајте со нив за Коронавирусот. Внимателно објаснете им зошто треба да обрнат внимание на хигиената, без да предизвикате загриженост или страв кај нив.

Потребно е да го минимизирате негативното влијание на вирусот кај психолошката состојба на децата и да им ги објасните клучните факти.

 

Бидете свесни за чувствата што ви ги предизвикува Коронавирусот

Сосема е во ред да се чувствувате ранливо и преокупирано слушајќи ги вестите и новостите, особено ако сте имале некоја траума, психички проблем во минато или континуирана психолошка состојба поради што сте поизложени на ефектите на Коронавирусот.

Од огромна важност е да бидеме свесни за ваквите чувства и секојдневно да се потсетуваме дека треба да се грижиме како за физичкото, така и за менталното здравје. Потребно е да одбегнуваме лоши навики кои само би ја влошиле нашата состојба, како прекуумерена конзумација на алкохол.

Не заборавајте да разговарате со вашите најблиски за нивните чувства и да се јавувате на луѓе коишто знаете дека живеат сами.

 

Избегнувајте теории на заговор

Не осудувајте и обидете се да не носите заклучоци во врска со прашањето кој е одговорен за произлегувањето на Коронавирусот. Вирусот ги е штетен за сите луѓе подеднакво, без оглед на полот, националноста или сексуалната ориентација. 

(Извор: https://www.mentalhealth.org.uk/)