Е-психолог е онлајн платформа во Македонија која нуди психичка поддршка на граѓаните. Тие, преку некој од смарт уредите, би можеле да побараат онлајн сесија со некој од најдобрите македонски психолози. Сесиите се потполно заштитени, кон кои можат да пристапат само психологот и клиентот. 

Брзо и лесно стапи во контакт со акредитирани, лиценцирани и искусни психолози, кои можат да ти помогнат со многубројни проблеми, вклучувајќи ги депресијата, анксиозност, траума, тага и слично. Идејата за Е-Психолог дојде кратковремено после енормното ширење на коронавирусот Ковид19. Е-Психолог нуди и поддршка за сите оние на кои им е потребна помош во ова исклучително тешко време.

Закажувањето се прави во само неколку чекори. Сам избери психолог и тема на која сакаш да разговараш. Помогни си себеси. Менталното здравје е најважно.

Благодарни сме!

Голема благодарност до Цивика Мобилитас за пружената помош при создавање на оваа платформа. Нивната исклучителна посветеност при помош на граѓаните како индивидуи, како и сите останати целни групи, синдикати, комори, здруженија, придонесоа за создавање на Е-Психолог. Можете да ја посетите на следниов линк: Цивика Мобилитас

Кој стои позади Е-Психолог?

Позади Е-Психолог стои невладината организација Wake Up  чија цел е да ја подигне граѓанската свест во областите на екологијата, околината, зелената енергија и слично. Во исто време, една од главните идеи за кои се залага Wake Up е идејата за обезбедување образование и нови можности за започнување и развој на сопствените деловни и маркетинг иновации на граѓаните како и граѓанските организации.

Можете да ја посетите на следниов линк: ВАКЕ УП