Моментално се соочуваме со пандемија на корона вирусот кои за одредени групи на луѓе може да биде опасен по живот. Самоизолација, карантин за патници, изолација и останување во домот во тек на оваа епидемија, мерки кои имаат цел превенција на ширење на заразата и оптеретување на здравствениот систем каде голема улога зазема психолошката димензија како и самата пандемија. Грижата за психичкото здравје е еднакво важна како и грижата за физичкото здравје и за него треба да се води сметка исто како и за превенција од вирусот.

Што ни се случува? Како народот се соочува/справува со новонастанатата непредевидлива, потенцијално опасна и непозната ситуација? Се работи за билошко вградено чуство на страв од непознатото но и од сопственото незнаење. Поради тоа сме соочени со зголемено чувство на несигурност и страв за иднината. Возрасните веќе имаат развиени начини со носење на своите стравови, тргнувајки од минимализирање на  опасностите „ корона вирусот е исто како и обичен грип„ преку слушање на упатства од стручните лица и научниците се до исклучиво темелни припреми во однос на оваа ситуација дека мора да поминат подолг период затворени во својот дом. Овие начини/стратегии не се доволни за соочување со пандемијата. Потребно е емоционално и на сите други начини да се прилагодуваме на новонастанатата ситуација што не е едноставно и лесно, недостасуваат повеке ресурси, затоа сме поранливи отколку вообичаено. Ново настанатата ситуација може да доведе до јакнење на личен развој, ширење на нашите погледи, увид во сопствената флексибилност, увид во сопствените способности и применување на адекватни механзими во справување со стресни ситуации и учење на нови како во иднина би превенирале јавување на психички потешкотии и заболувања.

Да се остане дома некои луѓе го доживуваат како предизвик, позитивна промена, но други луѓе стресно ја доживуваат драстичната промена на вообичаениот дневен ритам, одвоеност од луѓето, рестрикција на движењето, живот во сопствениот дом.

(Извор: Маријана Станковиќ. клинички психолог, КБТ консултант, при Универзитетската клиника за психијатрија, Скопје за zenskimagazin.mk)

*Покрај веќе објавените линиите за психолошка поддршка и психијатриска консултација активирани од универзитетската клиника за психијатрија, може да се обратите и на Е-психолог.