Skip to content
Новости:
Психолог или психијатар: Што е разликата? Како да ја одржите психичката благосостојба за време на Коронавирусот? Како Коронавирусот влијае на психолошкото здравје?
  • За НАС
  • Контакт
  • Новости
Е-психолог
Закажете термин
  • Почетна
  • Услуги
  • За Е-психолог
Целосна грижа за вас
Станете корисник Најавете сѐ

Услуги кои ги нуди платформата Е-психолог

Разговор со психолог

Се чувствувате анксиозно, депресивно? Има навики од коишто сакате да се одвикнете, но не знаете како? Постојано сте под стрес или можеби имате проблеми со спиењето? Менталното здравје е од фундаментална важност за нормално функционирање во секојдневието. Научно е докажано дека вербализирањето на вашите чувства игра огромна улога за одржување на истото. Разговор со лиценциран…

Разговор со психијатар

Психијатрите ги набљудуваат физичките и ментални симптоми на луѓето. По детекција на тригер факторите (како потешкотиите и проблемите кои ги наметнува секојдневието) за вашата состојба, вршат проценка дали имате потреба од некаква медикација или друг вид на терапија. За преземање вакви чекори, може да има потреба и од лице-во-лице разговор во живо. Доколку не сте…

Заеднички сесии

Групните терапии вклучуваат повеќе лица со слични искуства водени од еден или повеќе психолози. Безразлика дали станува збор за подобрување на социјални вештини, соочување со интровертност, траума, здравствена состојба итн, искуствата од членовите на групата и начинот на којшто тие се справуваат со конкретниот предизвик е можеби токму она што ви треба да го слушнете.…

Сесии за меѓусебна соработка

Овој оддел е наменет за психолозите и психијатрите на Е-психолог со цел олеснување на меѓусебната комуникација, споделување искуства, мислења и сугестии во врска со одреден случај, дијагноза или состојба. Целта на оваа услуга е психолозите и психијатрите да го подобрат своето работење како би им излегле во пресрет на корисниците на оваа платформа

Често поставувани прашања

Како да изберам психолог кој најдобро ќе ме разбере?

За секој од наведните доктори/психолози ќе биде наведено инфо во врска со нивната работа и искуство низ годините.

Што е Е-психолог?

Е-психолог е првата онлајн платформа во Македонија која нуди психичка поддршка на граѓаните. Тие, преку некој од смарт уредите, би можеле да побараат онлајн сесија со некој од најдобрите македонски психолози. Сесиите се потполно заштитени, кон кои можат да пристапат само психологот и клиентот.

Дали Е-психолог е она што мене ми треба?

Доколку вашата цел е подобрување на квалитетот на животот, Е-психолог е токму она што ви треба. Безразлика дали чувствувате негативно влијание врз вашата благосостојба, среќа, или нешто ве спречува во постигнувањето на вашите цели, нашиот тим би можел да помогне.  Специјалистите на Е-психолог се тука во секое време да разговараат со вас за сите подетални…

Колку долго можам да користам услуги од Е-психолог?

Тоа зависи од вашите потреби и е индивидуално за секој човек. Некои луѓе чувствуваат бенефит по само неколку недели, додека други се придржуваат за програмата подолг временски период. Потполно зависи од вас.

Како е заштитена мојата приватност?

Приватноста и доверливоста се од есенцијално значење за Е-психолог. Се служиме со модерна технологија и инфраструктура со само една цел: заштита на податоците кои ги доставувате и овозможување приватност. Нашите стандарди се високи и во целосна согласност со законските регулативи, како вие би се чувствувале безбедно.

Задоволни корисници

„Посета на психолог е сосема во ред и на секој му е потребно. Сепак, во моето опкружување сум била сведок на стереотипи во врска со барање помош од стручно лице. Оваа платформа овозможува надминување на ваквите предрасуди со овозможување дискреција. Нема ништо подобро од разговор со обучено лице во удобноста на вашиот дом.“

Ана

„Преферирам онлајн сесии од причина што можам да го контактирам мојот психолог во секое време, тогаш кога имам потреба. Еден бенефит е што можам полесно да се препуштам на моите емоции и да се исплачам без да се чувствувам непријатно, бидејќи сепак, комуникацијата е виртуелна.“

Сара

„Користејќи го Е-психолог не лутам по потрага на соодветен психолог како и вообичаено. Полесно го наоѓам она што ми треба затоа што се водам по искуствата и евалуацијата на луѓе кои претходно разговарале со достапните психолози.“

Маја

„Моето искуство со Е-психолог е одлично и на сите им го препорачувам. Доколку сте искрени со вашиот психолог, ќе бидете сведок на подобрување на самите вас како личност.“

Никола

новости и совети за здравје

16 Јун

Психолог или психијатар: Што е разликата?

Иако знаеме многу често во секојдневниот живот да ги поистоветуваме психологот и психијатарот, бидејќи вршат слична дејност, сепак има неколку важни разлики помеѓу двете професии. Психолошки третман или Психијатриски третман? Психијатрите се обучени доктори, кои што можат да препишуваат лекови, и тие поголемиот дел од својот третман го посочуваат кон управувањето со лековите. На друга…

Прочитај повеќе
3 Мај

Како да ја одржите психичката благосостојба за време на Коронавирусот?

За време на карантинот, создадете нова дневна рутина во која грижата за себе ќе ви биде приоритет. Може да се обидете да читате повеќе, да гледате филмови, да вежбате рутински, да пробате нови техники за релаксација или да научите нешто ново за кое вообичаено немате доволно време. Запомнете дека ваквата состојба е привремена. Обидете се…

Прочитај повеќе
3 Мај

Како Коронавирусот влијае на психолошкото здравје?

Моментално се соочуваме со пандемија на корона вирусот кои за одредени групи на луѓе може да биде опасен по живот. Самоизолација, карантин за патници, изолација и останување во домот во тек на оваа епидемија, мерки кои имаат цел превенција на ширење на заразата и оптеретување на здравствениот систем каде голема улога зазема психолошката димензија како…

Прочитај повеќе

Последни новости

  • Психолог или психијатар: Што е разликата?
  • Како да ја одржите психичката благосостојба за време на Коронавирусот?
  • Како Коронавирусот влијае на психолошкото здравје?

Важни линкови

  • Услуги
  • ЧПП
  • Ценовник на услуги
  • Услови за користење

За Е-психолог

Е-психолог е онлајн платформа во Македонија која нуди психичка поддршка на граѓаните. Тие, преку некој од смарт уредите, би можеле да побараат онлајн сесија со некој од најдобрите македонски психолози. Сесиите се потполно заштитени, кон кои можат да пристапат само психологот и клиентот.

 

Благодарност

Голема благодарност до Цивика Мобилитас за пружената помош при создавање на оваа платформа. Нивната исклучителна посветеност при помош на граѓаните како индивидуи, како и сите останати целни групи, синдикати, комори, здруженија, придонесоа за создавање на Е-Психолог,  со цел за поддршка во борбата со пандемијата настаната од Корона Вирусот.

 

© All right reserved 2020

  • Услови за користење
  • Политика на приватност

Закажете термин