Услуги кои ги нуди платформата Е-психолог

Се чувствувате анксиозно, депресивно? Има навики од коишто сакате да се одвикнете, но не знаете како? Постојано сте под стрес или можеби имате проблеми со спиењето? Менталното здравје е од фундаментална важност за нормално функционирање во секојдневието. Научно е докажано дека вербализирањето на вашите чувства игра огромна улога за одржување на истото. Разговор со лиценциран…

Психијатрите ги набљудуваат физичките и ментални симптоми на луѓето. По детекција на тригер факторите (како потешкотиите и проблемите кои ги наметнува секојдневието) за вашата состојба, вршат проценка дали имате потреба од некаква медикација или друг вид на терапија. За преземање вакви чекори, може да има потреба и од лице-во-лице разговор во живо. Доколку не сте…

Групните терапии вклучуваат повеќе лица со слични искуства водени од еден или повеќе психолози. Безразлика дали станува збор за подобрување на социјални вештини, соочување со интровертност, траума, здравствена состојба итн, искуствата од членовите на групата и начинот на којшто тие се справуваат со конкретниот предизвик е можеби токму она што ви треба да го слушнете.…

Овој оддел е наменет за психолозите и психијатрите на Е-психолог со цел олеснување на меѓусебната комуникација, споделување искуства, мислења и сугестии во врска со одреден случај, дијагноза или состојба. Целта на оваа услуга е психолозите и психијатрите да го подобрат своето работење како би им излегле во пресрет на корисниците на оваа платформа

Е-психолог гарантира апсолутна дискреција и сигурност за секој од одделите кои ги нуди.
1. Разговор со психолог
Се чувствувате анксиозно, депресивно? Има навики од коишто сакате да се одвикнете, но не знаете како? Постојано сте под стрес или можеби имате проблеми со спиењето? Менталното здравје е од фундаментална важност за нормално функционирање во секојдневието. Научно е докажано дека вербализирањето на вашите чувства игра огромна улога за одржување на истото. Разговор со лиценциран психолог може да ви помогне:
  • Да се соочите и ефективно да менаџирате со стресот;
  • Да разберете како надворешните фактори влијаат на вашето здравје и емоционална благосостојба;
  • Решавање на проблемот со кој се соочувате спречувајќи ескалација на истиот;
  • Ослободување од товарот со кој се носите.
Направете нешто добро за себеси. Психолошка поткрепа од професионалец е добар прв чекор.
2. Разговор со психијатар
Психијатрите ги набљудуваат физичките и ментални симптоми на луѓето. По детекција на тригер факторите (како потешкотиите и проблемите кои ги наметнува секојдневието) за вашата состојба, вршат проценка дали имате потреба од некаква медикација или друг вид на терапија. За преземање вакви чекори, може да има потреба и од лице-во-лице разговор во живо. Доколку не сте сигурни која е разликата помеѓу психолог и психијатар и не знаете каде да се упатите, не грижете се. Професионалците на Е-психолог се тука да ви помогнат и да ве насочат.
3. Заеднички сесии
Групните терапии вклучуваат повеќе лица со слични искуства водени од еден или повеќе психолози. Безразлика дали станува збор за подобрување на социјални вештини, соочување со интровертност, траума, здравствена состојба итн, искуствата од членовите на групата и начинот на којшто тие се справуваат со конкретниот предизвик е можеби токму она што ви треба да го слушнете. На тој начин, може да воочите дека многу луѓе поминуваат низ слична ситуација со што не би се чувствувале осамено. Ваквите групи се формирани врз проценка на стручните лица на Е-психолог.
4. Сесии за меѓусебна соработка
Овој оддел е наменет за психолозите и психијатрите на Е-психолог со цел олеснување на меѓусебната комуникација, споделување искуства, мислења и сугестии во врска со одреден случај, дијагноза или состојба.