Иако знаеме многу често во секојдневниот живот да ги поистоветуваме психологот и психијатарот, бидејќи вршат слична дејност, сепак има неколку важни разлики помеѓу двете професии.

Психолошки третман или Психијатриски третман?

Психијатрите се обучени доктори, кои што можат да препишуваат лекови, и тие поголемиот дел од својот третман го посочуваат кон управувањето со лековите.

На друга страна пак, психолозите екстензивно се фокусирани на психотерапијата (терапија со комуницирање), како и третирањето на емоционалното и менталното патење на пациентите. Но психолозите немаат дозвола да препишуваат лекови како што тоа го прават психијатрите.

И психијатрите и психолозите ја разбираат методологијата на работење на мозокот, нашите емоции, чуства и мисли. Затоа и двете страни можат да делуваат на менталните болести со психолошки третман.

Едукација на психолог или Едукација на психијатар?

Исто така, двете професии, премногу се разликуваат во поглед на нивната едукација (образование).  

Психијатрите како што кажавме, тие се доктори. Тие прво треба да добиjат диплома по медицина. Потоа треба да работат како општ лекар, една или две години. Потоа им следи барем 5 години работа во областа на дијагноза и третман на менталните болести.

Психолозите пак, имаат барем 6 години универзитетска практика и искуство како надгледувачи. Тие исто така може да имаат Докторат, но не се сметаат за медицински доктори, како што се психијатрите.

Психолози или Психијатри во практика?

Често во практика, психолозите и психијатрите работат заедно. Психолозите можат да ги упатат своите пациенти до психијатар доколку сметаат дека треба во третманот да се внесат и лекови. Психолозите и психијатрите работат во тандем, со цел, полесно и од два аспекти да се третираат симптомите на пациентот.

Но кој треба да го посетам? Психологот или психијатарот?

Ако не сте сигурни дали треба да го посетите психологот или психијатарот, тогаш може да се консултирате со вашиот матичен лекар. Тој може да ви даде совет за тоа дали треба да посетите психолог или психијатар.