Се чувствувате анксиозно, депресивно? Има навики од коишто сакате да се одвикнете, но не знаете како? Постојано сте под стрес или можеби имате проблеми со спиењето?

Менталното здравје е од фундаментална важност за нормално функционирање во секојдневието. Научно е докажано дека вербализирањето на вашите чувства игра огромна улога за одржување на истото.

Разговор со лиценциран психолог може да ви помогне:

  • Да се соочите и ефективно да менаџирате со стресот;
  • Да разберете како надворешните фактори влијаат на вашето здравје и емоционална благосостојба;
  • Решавање на проблемот со кој се соочувате спречувајќи ескалација на истиот;
  • Ослободување од товарот со кој се носите.

Направете нешто добро за себеси. Психолошка поткрепа од професионалец е добар прв чекор.