Групните терапии вклучуваат повеќе лица со слични искуства водени од еден или повеќе психолози.

Безразлика дали станува збор за подобрување на социјални вештини, соочување со интровертност, траума, здравствена состојба итн, искуствата од членовите на групата и начинот на којшто тие се справуваат со конкретниот предизвик е можеби токму она што ви треба да го слушнете.

На тој начин, може да воочите дека многу луѓе поминуваат низ слична ситуација со што не би се чувствувале осамено.  

Ваквите групи се формирани врз проценка на стручните лица на Е-психолог.